УЕФА го казни Ајакс со 53.250 евра

Од:

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го казни Ајакс со 53.250 евра за неспортско однесување на неговите навивачи на мечот против Хетафе во Лига Европа.

Натпреварот се одигра на 20 февруари во Шпанија и за време на играта, гостинските фанови фрлаа разни предмети на терен и кршеа столчиња на трибините. Домашниот играч Дејверсон Силва, при прославата на голот за 2:0, беше погоден со запалка во главата.

Шпанскиот весник „Марка“ објави дека Ајакс ги идентификувал непримерните навивачи на кои ќе им биде наплатен дел од паричната казна од УЕФА и ќе им забрани влез на стадионот во Амстердам.

Ова е втора казна од УЕФА за Ајакс за помалку од една година по нередите на неговите навивачи и во пресрет на средбата со Валенсија во Лигата на шампиони. Од европската фудбалска централа во Нион размислуваат и за забрана за патување на фановите на едно гостување во наредната сезона.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана