УЕФА ги отфрли жалбите на Португалија и Луксембург за случајот Мораеш

Од:

Апелационата комисија на УЕФА ги отфрли жалбите поднесени од Португалија и Луксембург, барајќи службени порази за Украина во квалификациите за натпреварите од ЕВРО 2020.

Португалија и Луксембург побараа Украинците да бидат казнети поради настапите на Жуниор Мораеш поради наводно кршење на правилата при натурализирање на странец.

Украина одигра нерешено со Португалија (0:0), а го победи Луксембург со резултат 2:1.

Според правилата на ФИФА, играчот кој го менува државјанството мора постојано да игра за клубовите во земјата најмалку пет години. Мораеш играше за украинските тимови од јули 2012 до февруари 2017 година. Во февруари, тој накратко замина на позајмица во Кина, по што се врати во Украина.

Украина по четири натпревари го зазема првото место во квалификациската група Б за ЕП 2020, со освоени 10 од можни 12 бода.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана