Удинезе го победи Јувентус за прв пат по 10 години

Од:

Фудбалерите на Јувентус загубија на гости од Удинезе со резултат 2:1 (0:1), во дуел 35-тото коло од Серија „А“, пропуштајќи ја првата можност да ја освојат деветтата последователна титула.

На „црно-белите“ од Торино им требаше победа во Удине за да го освојат Скудетото, но го доживеаја и петтиот пораз во лигата.

Јувентус поведе во 42-та минута со гол на Матеас де Лихт, а Илија Несторовски изедначи во 52-та минута. Победата за Удинезе ја донесе Секо Фофана со гол во втората минута од продолжението.

„Стара дама“ е прва на табелата со 80 бода, шест повеќе од второпласираната Аталанта и седум повеќе од Интер на третото место.

За титулата им треба една победа во последните три кола.

Удинезе ја оствари својата прва победа против Јувентус на домашен терен во Серија „А“ по 10 години. Тимот од „Фриули“ сега има 10-та победа во лигата и се искачи на 15-то место на табелата со 39 бода, седум повеќе од зоната за испаѓање.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска