Удинезе е петти клуб во Европа по бројот на странски фудбалери

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски е еден од многуте странци кои настапуваат за Удинезе, а пресметано е дека според процентот на застапеност на странци во последните десет години, клубот од Удине е петти во Европа.

Дури 77,1 отсто од фудбалерите кои играле за италијанскиот клуб Удинезе не се Италијанци. Најголем просек на странци во еден тим во топ 5 лигите во Европа од 2010 година досега користеле Арсенал (83,9), Интер (83,4) и Челси (80,1).

Рома е клуб кој користел странци од најмногу држави (37), веднаш зад Рома е Џенова на Горан Пандев со 36, а трет е германски Шалке со странци од 34 различни држави. На дното на оваа табела се наоѓа Атлетик Билбао, кој никогаш не ангажира странци доколку немаат баскиско потекло.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска