Во фудбалскиот шампионат на Италија викендов ќе се играат натпреварите од 20. коло кое започнува вечерва од 18 часот со дуелот Болоња – Киево.
На вториот вечерашен натпревар, од 20 часот и 45 инути играат Интер – Пескара.
Утре во терминот од 12 часот и 30 минути ќе играат Торино – Сиена, а од 15 часот се натпреварите: Лацио – Аталанта, Удинезе – Фиорентина, Каљари – Џенова, Парма – Јувентус, Наполи – Палермо и Катанија – Рома.
Со дуелот Сампдорија – Милан утревечер од 20 часот и 45 минути ќе биде комплетирано ова коло. Табела: Јувентус 44 бодови, Лацио 39, Наполи 37, Фиорентина 35, Интер 35, Рома 32, Милан 30, Парма 29,…