Убедливи победи за Србија и за Шпанија на ЕП во кошарка

Од:

Кошаркарските репрезентации на Србија и на Шпанија постигнаа високи победи против Белгија односно Унгарија во натпреварите од 5. коло одиграни попладнево од групната фаза на Европското првенство во кошарка.

Во рамките на групата Ц Шпанија со триумфот над Унгарија ја продолжи серијата победи (пет од пет) и со Словенија се единствените две непоразени селекции на шампионатот.

На дуелите од групата Д Србија и Русија победија, но за пласманот во групата ќе го чекаат исходот од последниот натпревар меѓу ко-домаќинот Турција и Летонија.

Двојки 5. коло Ц група: Чешка – Хрватска 69:107, Унгарија – Шпанија 64:87. Вечерва играат Црна Гора – Романија (почеток 19:45 часот).

Табела: Шпанија 5-0 (победи-порази), Хрватска 4-1, Црна Гора 2-2, Унгарија 2-3, Чешка 1-4, Романија 0-4.

Двојки 5.коло Д група: Русија – Велика Британија 82:70, Белгија – Србија 54:74. Вечерва играат: Летонија – Турција (почеток 19:45 часот).

Табела: Србија 4-1, Русија 4-1, Летонија 3-1, Турција 2-2, Белгија 1-4, Велика Британија 0-5.

Утре на првенството е слободен ден.

Би можело да ве интересира

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!

Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Ниту Јокиќ не е доволен – Италијанците ги „нокаутираа“ првите фаворити Србија!

Црногорците преку Грузија со осминафинален билет на Евробаскет

Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осминафиналето на Евробаскет

Заврши Евробаскетот за Адам Ханга