Убедливи победи за фаворитите на трите саботни средби од македонскиот кошаркарски шампионат

Од:

На трите натпревари од седмата рунда во македонската Прва лига во кошарка, победи забележаа екипите кои важеа за фаворити.

Кожув до петтиот триумф оваа сезона дојде на дуелот со Пелистер, Академија ФМП ја запиша втората првенствена победа по поуспешното издание со Вардар, додека Куманово немаше проблеми против вториот тим на МЗТ.

Резултати:
Куманово – МЗТ Скопје Уни Банка 95:65
Пелистер – Кожув 66:80
Академија ФМП – Вардар 95:66.

Утре играат Гостивар – Еуро Никел и Работнички – МЗТ Скопје Аеродром.

Кожув води со 12 бода, Гостивар, МЗТ Скопје Аеродром и Еуро Никел и Куманово имаат по 11, Работнички 10, Пелистер и Академија ФМП по 9, Вардар 7.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он