Екипата на Олимпик Марсеј оствари убедлива победа синоќа на првиот натпревар од 22.коло од француската Лига 1.
На „Велодром“ Олимпик го победи Монпеље со 5:1, а најдобар играч на дуелот беше Бафетимби Гоми, кој постигна хет-трик. Другите два гола за Олимпик ги постигнаа: Роландо и Флориан Тувин (пенал), додека стрелец за Монпеље беше Риад Будебуж.
Денеска се играат шест натпревари од оваа рунда: Олимпик Лион – Лил, Анже – Мец, Бастија – Каен, Лориент – Дижон, Нанси – Бордо и Рен – Нант.
Во недела се играат три дуели: Ница – Генгамп, Тулуз – Сент Етиен и дербито меѓу шампионот ПСЖ и лидерот Монако.
Табела: Монако 48 бодови, Ница 46, ПСЖ 45, Олимпик Лион 37, Олимпик Марсеј 33, Генгамп 31, Сент Етиен 30,…