Убедлива победа за Њукасл против Виган

Од:

Фудбалерите на Њукасл постигнаа висока победа од 3:0 против Виган, во последниот натпревар од 15. коло во фудбалското првенство на Англија.

Головите за домашниот тим на натпреварот меѓу екипи од долниот дел на Премиер лигата ги постигнаа Џемба Ба (13.минута од пенал и 21.минута) и Гаел Бигиримана (71.минута).

И двете екипи си ги задржаа своите места по ова коло со тоа што сега Њукасл кој е 14-ти има 17 бодови, додека Виган остана на 16.место со 14 бода.

Води Манчестер Јунајтед со 36 бодови, пред Манчестер Сити кој има 33, а по нив следуваат: Челзи 26, Тотенхем 26, Вест Бромвич Албион 26, Евертон 23, Свонси 23,.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска