Убедлива победа на Наполи на гостувањето кај Лацио

Од:

Фудбалерите на Наполи остварија убедлива победа од 3-0 на гостувањето во Рим кај Лацио во последниот натпревар од 31.коло на италијанската Серија А.

На средбата одиграна синоќа на „Олимпико“ головите за гостите ги постигнаа Хозе Калјехон (25.минута) и Лоренцо Инсиње (51. и 90+2).

Наполи со овој триумф се зацврсти на третата позиција со 67 бода, сега со четири помалку во однос на второ пласираната Рома и десет помалку од лидерот Јувентус.

На останатите натпревари кои беа одиграни претходно, беа постигнати овие резултати:

Емполи – Пескара 1-1,
Аталанта – Сасуоло 1-1,
Јувентус – Киево 2-0,
Сампдорија – Фиорентина 2-2,
Болоња – Рома 0-3,
Каљари – Торино 2-3,
Кротоне – Интер 2-1,
Милан – Палермо 4-0 и
Удинезе – Џенова 3-0.

Табела: Јувентус 77 бодови, Рома 71, Наполи 67, Лацио 60, Аталанта 59, Милан 57, Интер 55,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска