Убедлива победа на Карпош Соколи во дуелот со Фени Индустри

Од:

Екипата на Карпош Соколи забележа убедлива победа против Фени Индустри во натпревар од 7.коло на кошаркарската Супер лига на Македонија.

На средбата одиграна попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, тимот на Карпош Соколи убедливо го совлада кавадаречки Фени Индустри со 83-61.

Дури петмина кошаркари во победничката екипа натпреварот го завршија со двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу 17 имаше Американецот, Кендрик Пери. Кај гостите од Кавадарци, Бојан Стаиќ и Бранислав Џекиќ постигнаа по 11, додека Грузиецот Ѓеорги Шарабидзе заврши со еден помалку (10).

За Карпош Соколи ова беше пета победа во Супер лигата, а за Фени Индустри шести пораз.

Вчера во првиот меч од ова коло МЗТ Скопје Аеродром го победи Кожув со 79-75, и со седмата победа актуелниот шампион веќе го потврди своето место во полуфиналето на плејофот.

Колото ќе биде комплетирано утре со средбата меѓу Куманово и Работнички која ќе започне од 17 часот.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 14 бода, Карпош Соколи 12, Работнички 10, Кожув 9, Фени Индустри 8 и Куманово 7.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он