Екипите на Баерн Минхен и на Баер Леверкузен остварија убедливи победи во попладневните натпревари од 30.коло на Бундес лигата.
Новиот шампион на Германија, тимот на Баерн Минхен го совлада Хавовер со 6:1 во единствениот натпревар на кој се радуваа гостинските фудбалери.
Победа со пет голови разлика оствари и Баер Леверкузен на домашен терен против Хофенхајм.
Постигнати резултати: Борусија Дортмунд – Мајнц 2:0, Баер Леверкузен – Хофенхајм 5:0, Хановер – Баерн Минхен 1:6, Хамбургер – Фортуна Дизелдорф 2:1 и Ајнтрахт – Шалке 1:0.
Вечерва играат Вердер Бремен – Волфсбург.
Последните два натпревара од овој круг се играат утре: Штутгарт – Фрајбург и Нирнберг – Гројтер Фурт.
Вчера Борусија Менхенгладбах пред својата публика го совлада Аугсбург со 1:0.
Табела: Баерн Минхен 81 бод, Борусија Дортмунд 61, Баер Леверкузен 53, Шалке 46, Фрајбург 45, Борусија Менхенгладбах 44, Хамбургер 44,…