Со убедлива победа од 5:1 синоќа против Кајзерслаутерн, фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во финалето на Германскиот национален куп.
Домаќините два гола постигнаа во првото полувреме преку Бастијан Швајнштајгер и Марио Крос. На почетокот на вториот дел Томас Милер зголеми на 3:0, а по 60 минути игра Симон Цолер намали на 3:1.
До крајот Баварците преку Марио Манџукиќ и Марио Геце постигнаа уште два погодока за конечни 5:1.
Противник на Баерн Минхен во финалето ќе му биде екипата на Борусија Дортмунд која во вторникот во првото полуфинале беше поуспешна од Волфсбург со 2:0.