Екипата на Ајакс вечерва постигна убедлива победа на првиот полуфинален дуел од Лига Европа откако на домашен терен со 4:1 го победи Олимпик Лион.
Ајакс по првиот дел водеше со 2:0 со головите на Бертранд Траоре во 25-минута и на Каспер Долберг во 34-минута.
На почетокот на вториот дел Амин Јунес зголеми на 3:0 во 49-минута, а потоа Олимпик преку Матју Валбуена намали на 3:1 во 66-минута.
Конечните 4:1 ги постави Траоре со својот втор гол на дуелот во 71-минута.
Во второто полуфинале утре ќе играат Селта и Манчестер Јунајтед, додека реванш полуфиналните дуели ќе се одиграат на 11 мај.