Уапсен Шола, претседателот на СЕХА лигата

Од:

На граничниот премин Бајаково кој ги дели Хрватска и Србија ноќеска во 2 часот и 30 минути од страна на хрватската полиција уапсен е Санди Шола претседателот на регионалната ракометна СЕХА лига.

Овој настан се случува во предвечерието на завршниот „Фајнл фор“ турнир во ова натпреварување кој викендов треба да се одржи во Скопје.

Шола во текот на вчерашниот ден беше во Скопје на договор околу последните подготовки за финалниот турнир, но откако ги чул информациите за серијата апсења на членови од неговата фамилија одлучил да тргне кон Загреб, иако имало најава и за негово лишување од слобода.

Претседателот на СЕХА, неговата мајка и двајцата браќа се осомничени за направен криминал од преку 11 милиони евра во „Карловачка банка“, чиј претседател на Управниот одбор е токму Санди Шола.

Во тек е испрашувањето во полиција, по што ќе биде познато дали на Шола ќе му биде одреден притвор.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП