Репрезентација на Турција ја победи Хрватска со 1:0 синоќа во Ескишехир во дербито на И-групата од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2018.
Ченк Тосун го постигна победничкиот гол за домаќините во 75.минута и ја остави својата репрезентација во игра за пласман на Мундијалот.
На другите две средби од 8.коло во оваа група, Исланд ја победи Украина со 2:0, додека Финска со 1:0 славеше на гостувањето кај Косово.
По оваа рунда дури четири репрезентации се со шанса да се борат за директен пласман на СП, како и за освојување на второто место кое обезбедува бараж.
Табела: Хрватска 16 бодови, Исланд 16, Турција 14, Украина 14, Финска 7, Косово 1.