Екипите на Тулуз и на Троа направија уште еден чекор кон испаѓање од Лига 1, откако синоќа во 28. коло загубија на домашен терен од Рен, односно Лориен.
Двете екипи се наоѓаат на последните две места на табелата со значително заостанување од 14 и шест бодови зад конкурентите за опстанок.
Резултати на шесте завршени средби од 28.рунда во Француското фудбалско првенство:
Ница – Бастија 0:2,
Монпеље – Лил 3:0,
Генгамп – Анжи 2:2,
Троа – Лориен 0:1,
Ремс – Бордо 4:1 и
Тулуз – Рен 1:2.
Денес играат:
Нант – Монако,
Сент Етиен – Каен,
Ајачио – Олимпик Марсеј и
Олимпик Лион – ПСЖ.
Табела: ПСЖ 73 бодови, Монако 49, Ница 41, Рен 41, Сент Етиен 41, Лион 39, Нант 39, Каен 39,…