Тулуз домаќин на шампионот ПСЖ

Од:

Со натпреварот меѓу Тулуз и првакот ПСЖ, што се игра вечерва со почеток 20:45 часот, ќе стартуваат натпреварите од 7. коло од француската Лига 1.

Домаќинот Тулуз се наоѓа на 5. место со 11 бодови или два помалку од ПСЖ, кој е на втората позиција зад лидерот Ница. Двата тима во последните две кола постигнаа победи.

Утре се играат шест натпревари од оваа рунда, а двојките се: Лориен – Олимпик Лион, Бастија – Генгамп, Бордо – Каен, Дижон – Рен, Монако – Анже и Монпеље – Мец.

Колото ќе биде комплетирано в недела со дуелите: Сент Етиен – Лил, Нанси – Ница и Олимпик Марсеј – Нант.

Табела: Ница 14 бодови, ПСЖ 13, Монако 13, Бордо 12, Тулуз 11, Генгамп 11,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска