Тухел во игра за местото на Лампард во Челзи

Од:

Досегашниот тренер на Пари сен Жермен, Томас Тухел, би можел да биде нов шеф на стручниот штаб на Челзи, објави „Билд“.

ПСЖ пред два дена ја прекина соработката со германскиот фудбалски стручњак, кој најави дека ќе се врати во татковината.

Раководството на Челзи во скоро време може да го отпушти Лампард по неколкуте слаби резултати во серија, а „Билд“ потсетува и дека сопственикот на Челзи, рускиот милијардер Роман Абрамович, имаше преговори со Тухел уште кога тој работеше во Борусија Дортмунд.

„Сините“ вечерва одиграа 1:1 со Астон Вила. По 16 натпревари, Челзи собра 26 бода во Премиер лигата и е надвор од зоната на Лигата на шампионите, а Лампард изјави дека оваа сезона тимот веќе е надвор од трката за шампионската титула.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

Челзи го претстави новото засилување

Предраг Петровиќ

Канте наскоро се враќа во Челси, ќе добие и продолжување на договорот