Тухел: Со ваков распоред, ние едноставно ќе ги убиеме играчите

Од:

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел го критикуваше натпреварувачкиот календар за сезоната 2020/21.

– Само ќе ги убиеме играчите со таков распоред, тоа е сè. Отсекогаш зборував за тоа. Ќе ги убиеме затоа што немаме врска помеѓу подготовката, перформансите и одморот. Во фудбалот, сè секогаш лежи на најсилните играчи, а тие играат и за своите репрезентации. Играат на паузи, постојано се на пат – ова е премногу. Тие немаат време да се опорават, за да можат потоа да започнат со тренинзи, што помага да се подобрат перформансите и да се избегнат повредите, изјави Тухел.

Германскиот фудбалски стручњак нагласува дека во таква ситуација се и другите клубови од најдобрите европски првенства.

– Без подготовка, играчите стануваат по кревки и потешки за управување. Ова не е изговор, туку вистината. Е се обидеме да најдеме излез од ситуацијата, се надевам дека ќе успееме. Ние губиме играч на секој натпревар, и ова не се однесува само на ПСЖ. Истото важи и за Ливерпул, Манчестер Сити, Баерн, додава Тухел.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска