Тухел очекува Нејмар и Мбапе да се подготвени за мечот со Ливерпул

Од:

Двете ѕвезди во нападот на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе може да играат против Ливерпул во среда вечер, изјави тренерот Томас Тухел.

Тие се вратија во француската престолнина со повреди од меѓународните натпревари и сигурно ќе го пропуштат утрешниот меч со Тулуз од Лига 1.
Нејмар заработи повреда на препоните во пријателскиот натпревар со Камерун, додека Мбапе има болки во рамото од натпреварот против Уругвај.

– Добрата вест е дека повредите не се сериозни, но нема да преземаме никакви ризици и тие ќе ја пропуштат средбата со Тулуз. Зборував со докторот и со самите играчи и моето мислење е дека тие ќе се достапни за натпреварот од Лигата на Шампионите. Ова нема да биде првпат да играме без нив двајцата и затоа треба да најдеме решенија за да си ја завршиме работата. Имаме многу врвни играчи, кои имаат што да покажат, рече Тухел на прес-конференција пред натпреварот од првенството.

ПСЖ можат да си дозволат „кикс“ во Лига 1, но тоа не е случај за мечот против Ливерпул од ЛШ. Тимот е на трето место во групата „Ц“ со пет поени и при пораз од „црвените“ по секоја веројатност ќе се збогуваат со турнирот на богатите уште по групната фаза.

Од друга страна, евентуална победа ќе значи речиси сигурен пласман во осминафиналето. Последниот дуел на ПСЖ е гостување кај Црвена Ѕвезда.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ

Нејмар може да го напушти ПСЖ само со отштета од 150 милиони евра

Нејмар сака да го напушти ПСЖ