Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Од:

Вистинската драма се одвивала рано утринава во куќата на поранешната девојка на бразилскиот репрезентативец Нејмар. Имено, крадци утринава упаднале во куќата на Бруна Бјанкарди и се обиделе да го киднапираат неговото новороденче Мави.

Осомничените биле вооружени и ги барале Бруна и нивната ќерка, но за среќа двете не биле во станот во моментот на грабежот.

Соседите ги повикале властите откако забележале дека нешто чудно се случува во куќата, а како што пренесува весникот Р7, во станот биле родителите на неговата поранешна девојка кои биле врзани, но тие поминале без посериозни повреди.

По повикот, полицијата го опколила нејзиниот имот и успеала да уапси еден осомничен додека другите избегале со луксузни чанти, часовници и накит.

Според полицискиот извештај „во резиденцијата на Бруна влегле вооружени разбојници и ги врзале нејзините родители кои се на 50 и 52 години, по што и украле вредни работи од домот. Уапсен е 20-годишен маж, додека вториот сторител е идентификуван, а на третиот се работи забрзано на идентификација како и негово приведување“.

Нејмар и Бруна не го коментираа овој инцидент.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ

Нејмар може да го напушти ПСЖ само со отштета од 150 милиони евра

Нејмар сака да го напушти ПСЖ

Дали се е во ред со Нејмар? Пристигна на премиерата на филмот Барби облечен како жена

Предраг Петровиќ