Тренерот на пари Сен-Жермен, Томас Тухел, изјави дека не е загрижен за неговото можно отпуштање.
ПСЖ го освои шампионскиот трофеј во Франција, но не успеаја да триумфираат во националниот куп и беа елиминирани во осминафиналето во Лигата на шампионите.
– Не мислам дека мојата позиција е загрозена. Сепак не сум наивен и знам дека амбициите не се целосно исполнети. Иако не знам, не сум наивен, истакна германскиот стручњак.
Тој се пожали дека во тимот нема доволно играчи кои не сакаат да изгубат.
– Постојат играчи кои сакаат да победат, а има и такви кои мразат да изгубат. Ова е голема разлика. Нас ни требаат повеќе играчи кои не сакаат да бидат поразени, додаде Тухел.