Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел упати пофални зборови за играта на Килијан Мбапе кој синоќа во триумфот над Олимпик Лион (5:0) постигна четири гола. Германскиот стручњак смета дека Мбапе во тандем со Нејмар се една од најдобрите офанзивни двојки.
– Имаме одлични фудбалери, а за тандемот Нејмар – Мбапе можам да кажам дека е фантастичен. Тие се вистинска опасност за противничките голмани. Секако, тука се и Кавани, Ди Марија и другите. Воопшто целиот тим кога функционира резултатите доаѓаат, рече Тухел.
ПСЖ има максимални девет победи по девет рунди во Лига 1 и е убедливо прв со 27 бода, пред Лил со 19.
„Светсците“ се првиот тим во историјата на Француското фудбалско првенство со низа од девет победи од почетокот на сезоната.