Тухел целосно ја изгубил контролата врз соблекувалната на ПСЖ

Од:

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел ја загубил контролата врз соблекувалната на тимот, пишува „Екип“. Тој е незадоволен што голем број играчи не покажуваат желба да си ја вршат својата работа во последно време. Еден пример е неподготвеноста на неколку негови пулени да одат во Нант за да играат против тимот во натпревар од Лига 1. Тогаш, ПСЖ загуби со 2:3.

Според француското издание, Тухел ја изгубил контролата врз неговите играчи, како и нивната почит, а со тоа и добриот однос со нив.

По поразот во финалето на францускиот куп против Рен, ѕвездата на тимот, Нејмар ги обвини младите играчи дека не го слушаат тренерскиот штаб. Тој имал на ум нивниот несоодветен став кон тренинзите, на кои некои играчи се однесувале како сезоната да е завршена и летниот одмор веќе почнал.

Иако можеше да го стори тоа многу порано, ПСЖ ја освои титулата на Франција предвреме. Сепак, во Лигата на шампионите, тимот беше елиминиран во осминафиналето, каде што беше отстранет од Манчестер Јунајтед.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска