Тројни контроли на натпреварите од СП 2018

Од:

Организаторот на Светското фудбалско првенство во Русија соопшти дека навивачите кои ќе присуствуваат на натпреварите ќе помнат низ три контролни пунктови.

Директорот за безбедност Руската фудбалска лига, Александр Мејтин информира дека на стадионите за време на Мундијалот ќе функционира скрининг систем во три фази.

– За време на Светското првенство на патот кон трибините ќе бидат организирани контроли во во три фази. Прашањето за безбедност е од големо значење. Првата контрола ќе биде на територијата на стадионот, во т.н. чиста зона, втората ќе биде скрининг на влезот на самиот стадион и последната фаза ќе бидат скрининг на влезот кон местата на трибините, кажа Мејтин.

Тој исто така, истакна дека Организацискиот комитет на Русија 2018 тесно соработува со националните безбедносни служби со земјите учеснички.

– Сите фудбалски федерации испратија во Русија одредени листи на навивачи, кои се прогласени за насилниците во сопствената земја. Врз основа на овие листи ќе се формираат т.н. листи за забрана.

Светското првенство ќе се одржи на 12 стадиони во 11 градови на Русија од 14 јуни до 15 јули.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он