Екипата на Пари Сен Жермен забележа убедлива победа над Генгам со 4-0, во последниот натпревар од 32.коло на француската Лига 1 одигран синоќа во Париз.
„Светците“ до трите бода дојдоа во второ полувреме, откако Анхел Ди Марија (56.минута) го отвори резултатот, по што следуваа два гола на на Едисон Кавани, (60 и 71), точка на победата на победата стави Матуиди во првата минута од судиското дополнение (90+1).
Со новите три бода ПСЖ врати на втората позиција на табелата зад Монако кој има три бода повеќе.
На натпреварите одиграни претходно:
Лил – Ница 1-2,
Анже – Монако 0-1,
Нанси – Рен 3-0,
Бордо – Мец 3-0,
Каен – Монпеље 0-2,
Дижон – Бастија 1-2,
Олимпик Лион – Лориен 1-4,
Тулуз – Олимпик Марсеј 0-0 и
Сент Етјен – Нант 1-1.
Табела: Монако 74 бод, ПСЖ 71, Ница 70, Олимпик Лион 54, Бордо 49, Олимпик Марсеј 48,…