Трите опции за трансфер на Пјаниќ

Од:

Разделбата меѓу Јувентус и Миралем Пјаниќ се чини се поверојатна. Постојат неколку опции за тоа да се случи, а според „Скај Спорт Италија“, Барселона, Пари Сен Жермен и Челзи имаат шанса да го привлечат репрезентативецот на Босна и Херцеговина.

Популарниот новинар Џанлука Ди Марцио е категоричен дека Пјаниќ не е во плановите на Маурицио Сари за следната сезона. Јуве сега се соочува со задача да извлече максимум од можниот договор со играчот од средниот ред.

Се чини дека Барселона е првиот избор. Не е тајна дека Каталонците се заинтересирани за Бошњакот и се верува дека дури и се согласиле со неговиот агент за личните услови. Проблемот е што Артуро Мело, кој го бара Јувентус, сака да остане во Барса.

Можно е „бјанконерите“ да бараат размена со Челзи за Жоржињо. Бразилецот со италијански пасош е миленик на Сари, под чие водство играше во Наполи и на „Стемфорд Бриџ“.

Се споменува и опција во која Пјаниќ ќе се пресели во Пари Сен Жермен, а Јувентус ќе го земе Леандро Паредес. Сепак, во Торино не им е потребен Аргентинецот и веројатно нема да се согласат на ваков договор.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска