Во второто по квалитет европско клупско натпреварување Лига Европа, попладнево ќе се одиграат три реванш дуелот од шеснаесетфиналната рунда, по кои ќе ги добиеме и првите три тима кои ќе играат во осминафиналето.
Сите три средби ќе започнат во терминот од 18 часот, а двојките се:
Фенербахче – Краснодар (0-1 прв натпревар),
Сент Етјен – Манчестер Јунајтед (0-3) и
Шалке – ПAOK Солун (3-0).
Преостанатите реванш натпревари ќе се играат утре, а двојките се:
17:00 Османлиспор – Олимпијакос (0-0),
19:00 Зенит-Ст. Петерсбург – Андерлет (0-2),
19:00 Рома – Виљареал (0-4),
19:00 Бешикташ – Хапоел Бир Шева (3-1),
19:00 АПОЕЛ Никозија – Атлетик Билбао (2-3),
19:00 Ајакс – Легија Варшава (0-0),
21:05 Копенхаген – Лудогорец (2-1),
21:05 Фиорентина – Борусија Менхенгладбах (1-0),
21:05 Генк – Астра Џурџу (2-2),
21:05 Олимпик Лион – АЗ Алкмар (4-1),
21:05 Шахтјор Донецк – Селта Виго (1-0),
21:05 Спарта Прага – Ростов (0-4) и
21:05 Тотенхем – Гент (0-1).
Ждрепка за осминафиналето е закажана за во петок во Нион, а првите натпревари ќе се играат на 9, а реванш дуелите на 16 март.