Во второто по квалитет европско фудбалско клупско натпреварување Лига Европа, синоќа се одиграат првите натпреварите од четвртфиналната рунда.
Три од четирите средби завршија со победи на домашните екипи, додека еднствено Анлерлехт не успеја да ја искористи предноста на домашниот терен.
На дуелот во Белгија, тимот на Атндерлехт одигра нерешено 1:1 во против манчестер Јунајтед и тоа благодарение на голот на Дендокер на четири минути пред крајот на средбата.
Натпреварот во Лион меѓу Олимпик и Бешикташ започна со големи немири на трибините, а по водството на гостите од Истанбул, домашните фудбалери за само две минути (83 и 84) направија комплетен резултатски пресврт и стигнаа до победа од 2:1.
Најсигурен беше Ајакс кој пред своите симпатизери го победи Шалке со 2:0, додека најмногу голови имаше во Виго каде Селта со 3:2 славеше триумф над белгиски Гент.
Реванш дуелите на програмата се во четврток (20 април).