Шампонот на Италија, Јувентус одвоил 30 милиони евра кои заедно со тројца фудбалери ќе му ги понуди на Наполи за да го добие уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани.
Како што јавуваат италијанските медиуми, Јувентус одлучил покрај парите да му понуди на клубот од Неапол да си избере тројца играчи од следниве имиња: Мирко Вучиниќ, Маурисио Исла, Алесандро Матри, Паоло де Чели.
Дали клубот за кој настапува Горан Пандев ќе ја прифати понудата од „Старата дама“ или пак ќе остане на барањето за Кавани да добие 60 милиони евра останува да се види.
За Уругваецот интерес покажаа неколку големи европски екипи, а според последните информации Манчестер Сити е најсериозниот во намерата да ги добие неговите услуги во следната сезона.