Три гола на Силва во победата на Милан против Австрија во Виена

Од:

Италијанскиот гигант Милан со убедлива победа над Австрија во Виена ја започна групната фаза во фудбалската Лига Европа.

Милан во натпреварот од 1.коло одигран вечерва во Виена ја победи екипата на Австрија со 5-1. Андре Силва забележа „хет-трик“ постигнувајќи три гола за Милан, за кој во листата на стрелци се запишаа и Хакан Чанханоглу и Сусо, додека голот за домаќините го постигна Александар Борковиќ.

Од останатите средби кои веќе завршија ги издвојуваме поразот на Евертон на гостувањето кај Аталанта, како и нерешениот резултат на Олимпик Лион во Лимасол против Аполон.

Постигнати резултати во 1.коло во Лига Европа:

А група: Славија Прага – Макаби Тел Авив 1-0 и Виљареал – Астана 3-1.

Б група: Динамо Киев – Скендербег 3-1 и Јанг Бојс – Партизан 1-1.

Ц група: Хофенхајм – Брага 1-2 и Басакшехир – Лудогорец 0-0.

Д група: Австрија Виена – Милан 1-5 и Риека – АЕК 1-2

Е група: Аполон Лимасол – Олимпик Лион 1-1 и Аталанта – Евертон 3-0.

Ф група: Копенхаген – Локомотив Москва 0-0 и Злин – Шериф 0-0.

Вечерва се играат и преостанатите осум натпревари меѓу кои и дуелот Вардар – Зенит во рамките на последната Л група во која во вториот меч се среќаваат Сосиедад – Розенборг.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска