Три екипи со максималем учинок во ракометната Лига на шампионите

Од:

Три екипи по четвртото коло имаат максимален учинок во ракометната Лига на шампионите. Тоа се тимовите: ПСЖ, Веспрем и Киелце.

Во групата тимови без пораз е и македонскиот претставник Вардар, откако одигра нерешено со Монпеље, додека во Б групата по ремито на Колдинг и Барселона (Кирил Лазаров постигна 5 голови) и двата тима се истотака без пораз.

Македонскиот шампион Металург е пак во групата од пет екипи без победа и без освоен бод. Покрај нив четири порази имаат уште: Алингсас, Бешикташ, Чеховски Медведи и Мотор.
Резултати од 4.коло и табели:

А група: Металург – Кил 27:42, Ла Риоха – ППД Загреб 22:21, Мешков Брест – ПСЖ 28:29.
Табела: ПСЖ 8 бодови, Кил 6, ППД Загреб 4, Ла Риоха 24, Мешков Брест 2, Металург 0.
Б група: Висла – Алингсас 28:25, Колдинг – Барселона 27:27, Бешикташ – Флензбург 20:27.
Табела: Барселона 7, Колдинг 7, Флензбург 6, Висла 4, Алингсас 0, Бешикташ 0.
Ц група: Монпеље – Вардар 34:34, Цеље – Веспрем 21:24, Рајн Некар Ловен – Чеховски Медведи 34:29.

Табела: Веспрем 8, Вардар 7, Рајн Некар Ловен 4, Монпеље 3, Цеље 2, Чеховски Медведи 0.
Д група: Данкерк – Киелце 25:28, Мотор – Алборг 25:28 и ПИК Сегед – Кадетен Шафхаузен 34:24.
Табела: Киелце 8, ПИК Сегед 6, Алборг 5, Кадетен Шафхаузен 3, Данкерк 2, Мотор 0.
Натпреварите од Лигата на шампионите продолжуваат со 5.коло на 13 ноември.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП