Трето коло по ред МЗТ го има најдобриот играч во АБА2-лигата

Од:

Третата победа по ред на МЗТ Скопје Аеродром во АБА2-лигата, остварена во вторникот на домашен терен против Рогашка (74:54), го донесе и третото во низа индивидуално признание за најкорисен кошаркар на колото.

По Нуни Омот и Џабари Хиндс, овој пат МВП-наградата заврши во рацете на Дамјан Стојановски, кој средбата против словенечкиот тим ја заврши со 18 поени, девет скока и пет украдени топки.

Во следното коло МЗТ Скопје повторно ќе игра на домашен терен. Во СЦ „Јане Сандански“ доаѓа Борац Чачак кој иста така има максимални три победи во досегашниот тек од сезоната во АБА2-лигата.

Би можело да ве интересира

Кочов пред дуелот со Сутјеска: Мора да најдеме начин да ја намалиме нивната ефикасност

Ана Ололовска

Второ место за МЗТ на турнирот во Романија

Ана Ололовска

Американецот Хиндс и Хрватот Морнар се нови кошаркари на МЗТ

А1он

МЗТ потврди за смртта на нивниот поранешен кошаркар

Крстевски следните две сезони во дресот на МЗТ

Ана Ололовска

МЗТ се засили со најмладиот македонски репрезентативец во историјата

Ана Ололовска