Трета победа за Хрватска и за Русија на ЕП во кошарка

Од:

Кошаркарите на Хрватска и на Русија ја остварија и третата победа на Евробаскетот откако попладнево постигнаа победи во натпреварите од 3.коло против Црна Гора односно Белгија.

На дуелот во Клуж Хрватска водеше во текот на целиот натпревар против Црна Гораи стигна до победата, додека Русите ги добија минимално сите четири периоди во дуелот со Белгија.

Двојки 3. коло Ц група: Унгарија – Чешка 85:73 и Црна Гора – Хрватска 72:76. Вечерва од 19:30 часот играат Шпанија и Романија.

Табела: Хрватска 3-0, Шпанија 2-0, Унгарија 1-2, Чешка 1-2, Црна Гора 1-2, Романија 0-2.

Двојки 3. коло Д група: Белгија – Русија 67:76, Летонија – Велика Британија 97:92. Вечерва од 20 часот играат Србија и Турција.

Табела: Русија 3-0, Летонија 2-1, Белгија 1-2, Турција 1-1, Србија 1-1, Велика Британија 0-3.

Утре се играат натпреварите од 4.коло во сите четири групи на Европското првенство во кошарка.

Би можело да ве интересира

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!

Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Ниту Јокиќ не е доволен – Италијанците ги „нокаутираа“ првите фаворити Србија!

Црногорците преку Грузија со осминафинален билет на Евробаскет

Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осминафиналето на Евробаскет

Заврши Евробаскетот за Адам Ханга