Тренерот на Монпеље поднесе оставка по кавгата со сопственикот на клубот

Од:

Ролан Курби, тренерот на францускиот фудбалски прволигаш Монпеље поднесе оставка од функцијата поради вербален судир со сопственикот на клубот Луј Николан.

Односот меѓу нив двајца беше влошен во последните неколку недели, а се заврши со зборовите на тренерот дека е уморен од  „сопките“ што му ги прави сопственикот на Монпеље.

Курби на клупата на Монпеље беше од 2013 година, а претходно и во периодот 2007-2009. Работеше и во Бордо, Тулуз, Марсеј, Ленс, Ајачио, Аланија и Сион.

Монпеље во Лига 1 се наоѓа на 15.место со 22 бода, само три повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска