Тренерот на Бенфика под истрага поради напад на полицаец

Од:

Португалската полиција денес покрена истрага против Жорж Жезус, тренерот на Бенфика поради напад на службено лица по завршување на натпреварот на неговиот клуб и Гимараеш.

Во неделата, по завршување на овој натпревар на кој Бенфика победи со 1:0, група навивачи на лисабонскиот клуб втрчаа на теренот заедно со фудбалерите да ја прослават победата. Кога редарите и полициските службеници фатија еден навивач и сакаа да го приведат, Жезус влета меѓу полицајците со цел да го ослободи навивачот, по што настана влечење и кошкање меѓу тренерот на Бенфика и дел од службените лица.

По овој настан Жезус се извини.

– Не сакав никого да повредам нуту некого нападнав, туку единствено нешто што сакав да направам беше да го вратам младото лице на трибините и да со тоа да се смират тензиите, изјави тренерот на Бенфика на клупската телевизија.

Според законите во Португалија, Жезус може да добие и затворска казна доколку се потврди дека тој извршил напад на полицаец за време на извршување на службена должност.

Ова не е прв инцидент на тренерот на Бенфика во португалскиот фудбал. Тој пред две години беше суспендиран 11 натпревари и парично казнет поради кавга со колега.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Португалците ја надиграа Турција за осминафинале на ЕП

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бруно Фернандеш ги одведе Португалците во осминафинале на СП

ВИДЕО: Португалците најдоа начин да ја победат Гана

Натпревар во Португалија прекинат поради недоволно здрави фудбалери

Ана Ололовска

Истраги за даночни измами во португалскиот фудбал

А1он

Сантош ќе ја напушти португалската репрезентација доколку не се пласира на СП 2022

Ана Ололовска