Тренерот на Аталанта огорчен од судењето во финалето на купот

Од:

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини искажа замерки кон судијата на финалниот меч од италијанскиот фудбалски куп со Лацио. Тој смета дека неговиот тим е оштетен за пенал.

– Го прифаќаме поразот, Лацио има многу добар тим, но овој пораз можеше да го избегнеме ако судењето беше праведно. Јас не бев лут пред да ја видам снимката, бидејќи не го забележав од клупа спорниот момент. Можеби не би победиле ако беше досуден пенал, но ова е многу страшно. Ова е шокантен инцидент, срамно што и се направи на Аталанта. Треба ли да користиме ВАР само кога е погодно? Беше чист пенал. Имаше и црвен картон за груб старт. Ова е срам! Единствениот можен изговор – им ја исклучија струјата и не го видоа овој момент. Или тие само ги затворија очите, изјави Гасперини.

Лацио ја победи Аталанта со 2:0 со голови постигнати во последните десет минути. Спорните моменти за кои револтирано зборуваше Гасперини се случија во првото полувреме.

Би можело да ве интересира

Недвед: ЛШ е цел пред Јуве, но не сме опседнати со неа

Икарди ќе ги продолжи тренинзите со Интер

Барса отфрли понуда од Интер за Видал

Мацари: Не смее да се прават грешки против екипа која може да плати 40 милиони евра за играч

Ана Ололовска

Калиниќ се враќа во Италија

Ана Ололовска

Роналдо: Меси ме направи подобар играч, како и јас него