Репрезентативецот на Буркина Фасо и досегашен фудбалер на Челзи, Бертранд Траоре потпиша петгодишен договор со францускиот прволигаш Лион.
Траоре минатата сезона настапуваше за Ајакс како позајмен играч и на 39 натпревари постигна 13 гола за холандската екипа.
Според англиските медиуми, Челзи од овој трансфер ќе инкасира околу 17 милиони фунти.
21-годишниот фудбалер во својата кариер има настапувано и за Витесе, и Оксер. За својата репрезентација досега има одиграно 40 натпревари и постигнато шест погодоци.