Трајковски: Освоивме прво место во кое никој не веруваше пред стартот на подготовките за овој циклус

Од:

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Бојан Трајковски е задоволен од исполувањето на целта, пласманот во квалификациите за Светското првенство 2023.

– Многу работи треба да се подобрат за понатаму, но сега не е време да се говори за тоа. Освоивме прво место во кое никој не веруваше пред стартот на подготовките за овој циклус. Треба да извлечеме една добра поука. Завршуваме први, работевме на пеколни температури 40 дена. Додека сите беа на одмор, ние бевме тука за репрезентацијата. Сега следат квалификациите, од многу работи и противници ќе зависат тие. Не знаеме кој тогаш ќе игра, кој ќе биде спремен, кој повреден, кој не… Сите кои ќе добиеме повик ќе се сплотиме и се надевам на добар резултат. Оценка од најмладиот до најстариот – сите имаат една „десетка“ за настапите, изјави Трајковски.

Покрај Македонците, од „балонот“ во Скопје, во квалификациите се пласираа и Словаците, додека швајцарската репрезентација како третопласирана не успеа да мине во следната фаза.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он