Трајковски и Варегем се изборија за Лига Европа

Од:

Македонскиот репрезентативец и член на белгиската екипа Варегем успеа со својот тим да се квалификува за групите од Лигата на Европа. Синоќа на гостувањето кај АПОЕЛ на Кипар, Варегем победи со 2:1 во рамките на реванш баражите од ова натпреварување. Трајковски ги одигра првите 67 минути кога беше заменет, а на првиот дуел беше 1:1.

За разлика од него другите македонски играчи и нивните екипи немаа успех. Романска Астра во чии редови настапува Мирко Ивановски одигра 1:1 дома со Макаби Хаифа. Ивановски го одигра целиот натпревар, а неговата екипа не ја надополни негатива од 0:2 од првиот дуел.

Дарко Глишиќ истрча на „Вајт Харт Лејн“ во Лондон против Тотенхем во дресот на Динамо Тбилиси, но неговиот тим и по вторпат загуби. Синоќа беше 3:0, а на првиот дуел 5:0. Глишиќ во игра влезе во 34.минута.На клупата за резерви остана Муарем Муарем (Карабах) во поразот од 2:1 на неговата екипа во дуелот со Ајнтрахт Франкфурт. Карабах беше поразен и на првиот дуел 0:2.

Во „шеширите“ ќе биде и екипата на Марибор во чии редови настапува Агим Ибраими. Словенечкиот шампион откако не успеа да се квалификува во Лигата на шампионите ќе продолжи во Лига Европа.

Извлекувањето на групите од Лига Европа ќе се одржи денеска во Монако во 13 часот, а последниот бараж натпревар ќе одигра претпладнево во 11 часот. Поради пожар на стадионот, синоќа беше прекинат дуелот меѓу АЗ и Атромитос.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска