Тоти се враќа во репрезентацијата по шестгодишна пауза

Од:

Капитенот на Рома Франческо Тоти би можел да се врати во италијанската репрезентација по шестгодишна пауза, најави селекторот Џезаре Прандели. Тој бил воодушевен од последните игри на Тоти, а одличните настапи ги дополни со серија погодоци што го искачија на втората позиција на листата на стрелците во историјата на Серија А.

– Ако на месец дена пред Светското првенство идната година игра во форма во која се наоѓа сега и биде вака физички и психички подготвен, тогаш сигурно ќе добие повик за настап на Мундијалот, секако доколку ние се пласираме, истакна Прандели.

Сличен став италијанскиот селектор имаше и кон другите поискусни репрезентативци како што се Антонио ди Натале пред еврошампионатот, а пофалби доби и Антонио Касано за неговата игра против Тотнехем во Лига Европа.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска