Тотенхем со нов договор за Бејл

Од:

По извонредните игри оваа сезона, Герет Бејл, крилниот напаѓач на Тотенхем, сè почесто се споредува со најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Бејл оваа сезона постигна 20 голови во сите натпреварувања и е најзаслужен што неговата екипа моментно се наоѓа на третото место во Премиер лигата, кое директно води во Лигата на шампионите идната сезона.

Веќе се формира редица од клубови кои налето сакаат да го доведат Бејл, а на чело на списокот стојат Реал Мадрид, Баерн Минхен и Манчестер сити, а секој од нив е спремен да му понуди на Велшанецот многу поголема плата од таа што ја има во Тотенхем- пишува „Dailymail“ .

Бејл минатата сезона потпиша четиригодишен договор, до 2016 година, кој му носи 75.000 фунти седмична плата. Доколку Тотенхем се избори за Лигата на шампионите, претседателот Даниел Леви има волја двојно да му ја зголеми платата на Бејл и да му понуди нов, петгодишен договор, кој би му носел 150.000 фунти седмично.

Леви смета дека Бејл вреди 60 милиони фунти и ќе и одолее на секоја помала понуда за него. Бејл го гледа како клучна личност за комерцијален раст на клубот, признавајќи дека континуираниот напредок на играчот многу помага во привлекувањето профитабилни спонзорски договори.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска