Тотенхем на гостински терен поуспешен од Саутемптон

Од:

Фудбалерите на Тотенхем освоија важни три бодa во борбата за врвот на табелата во Премиер лига откако синоќа како гости со 4:1 го победија Саутемптон.

Триумфот e од голема важност особено што домаќинот поведе во 2.минута со голот на Вирџин ван Дајк. Тотенхем изедначи во 19.минута преку Деле Али. Во вториот дел Хари Кејн во 52.минута донесе водство од 2:1 за Тотенхем, а шест минути подоцна истиот играч не искористи пенал. Двата гола за потврда на победата во финишот ги постигнаа: Сон Хеунг-Мин во 85.минута и Али во 87.минута.

Тотенхем со 36 бодови се наоѓа на 5.место на табелата, зад лидерот Челзи (46 бодови), Ливерпул (40), Манчестер Сити (39) и Арсенал (37), а е пред Манчестер Јунајтед (33).
Саутемптон остана на 26 бодови и се наоѓа на осмото место на табелата.

Натпреварите од 19.коло ќе се играат од 30 декември до 1 јануари.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска