Тотенхем го стигна Манчестер Сити

Од:

Убедлив триумф со 4:1 забележа екипата на Тотенхем попладнево на гостувањето кај Вотфорд во првиот премиерлигашки натпревар во 2017 година.

Во победничката екипа по два гола постигнаа Хари Кин и Деле Али, додека стрелец на погодокот за Вотфорд беше Јунес Кабул во судиското надополнување.

По оваа победа Тотенхем изби на третата позиција на табелата поминувајќи го Манчестер Сити со ист број бодови, но подобра гол-разлика.

Последниот натпревар од 19.коло во Англиското фудбалско првенство се игра денеска од 17 часот во Лондон меѓу домашниот Арсенал и Кристал Палас.

Резултати на другите натпревари:

Хал – Евертон 2:2,
Свонси – Бурнемут 0:3,
Саутемптон – ВБА 1:2,
Манчестер Јунајтед – Мидлсброу 2:1,
Лестер – Вест Хем 1:0,
Челзи – Стоук 4:2,
Барнли – Сандерленд 4:1,
Ливерпул – Манчестер Сити 1:0.

Табела: Челзи 49 бодови, Ливерпул 43, Тотенхем 39, Манчестер Сити 39, Арсенал 37, Манчестер Јунајтед 36, Евертон 27,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска