Торино и Сампдорија одиграа без победник

Од:

Торино и Сампдорија играа без победник 1-1, во натпревар од 34. коло на италијанската Серија А.

На средбата на „Олимпискиот стадион“ во Торино, гостите поведоа во 12.минута со голот на чешкиот млад напаѓач Патрик Шик, додека бод на Торино му донесе Хуан Итурбе со голот постигнат во 78.минута.

Во првиот меч од ова коло, одигран во петокот Аталанта и Јувентус исто така одиграа без победник, но со резултат 2-2.

Денеска на програмата се останатите осум средби, а двојките се:
Рома – Лацио,
Каљари – Пескара,
Кротоне – Милан,
Емполи – Сасуоло,
Џенова – Киево,
Палермо – Фиорентина,
Болоња – Удинезе и
Интер – Наполи.

Табела: Јувентус 84 бодови, Рома 75, Наполи 71, Лацио 64, Аталанта 64, Милан 58, Интер 56, Фиорентина 55

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска