Торес: Против Тахити игравме како да е финале

Од:

Фернандо Торес, напаѓачот на шпанската фудбалска репрзентација и првиот играч кој во еден натпревар од Купот на конфедерациите постигнал четири голови искажа задоволство од залагањето на своите соиграчи на средбата со Тахити.

– Сите одиграа професионално и на високо ниво во текот на целиот натпревар. На теренот се однесувавме како да е финале, изјави Торес.

Играчот на Челзи рече дека е одушевен од репрезентацијата на Тахити која и покрај високата негатива и разликата во квалитет, во ниту еден момент не калкулираше и не ја опструираше играта.

– Играчите на Тахити одиграа максимално коректно без никакви неспортски потези. Се обидуваа да играат колку што можат, а од нивното издание многумина можат да научат. Тие едноставно уживаа и се веселеа, рече Торес.

Би можело да ве интересира

Италија го освои третото место на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Завршни натпревари во Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Переира: Време е да заврши шпанската ера

Ана Ололовска

Хернанес ја посакува Шпанија во финалето

Ана Ололовска

Бразил – Уругвај, во првото полуфинале на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Балотели го пропушта дуелот со Шпанија

Ана Ололовска