Томас Милер останува во Баерн Минхен до 2023 година

Од:

Томас Милер останува во Баерн до 2023 година.

Напаѓачот, чиј договор со Баварците завршуваше наредното лето, ја продолжи соработката со клубот и на „Алијанц арена“ ќе остане уште две дополнителни сезони.

Милер во Баерн пристигна во 2013 година што значи дека до истекот на новиот договор ќе има децениски стаж во клубот во кој, најверојатно, и ќе ја заврши кариерата.

#Müllered2023

?️ Thomas Müller on his contract extension ?⚪

Posted by FC Bayern München on Вторник, 07 април 2020

На денешното потпишување на договорот присуствуваа Оливер Кан, Карл Хајнц Румениге и Хасан Салихамиџиќ кои истакнаа задоволство што германскиот репрезентативец останува во нивниот ростер.

Милер моментно е лидер по асистентенциите за гол во петте најсилни фудбалски лиги во Европа.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска