Тодоров: Шутерски добро, одбранбено катастрофално

Од:

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Тодоров на прес-конференцијата по синоќешната победа над Игокеа беше задоволен од триумфот и ефикасноста, но повторно ја потенцира слабата игра во одбраната.

МЗТ победи (108:99) во меч на кои двете екипи заедно постигнаа преку 200 поени, нешто што не се гледа често во европската кошарка.

– Беше тежок натпревар затоа што игравме против една одлична екипа. Почнавме шутерски добро, одбранбено катастрофално, па затоа на полувремето имавме ситуација 63:57 што повеќе наликуваше на НБА „Ол-стар“ отколку на дуел од АБА лига. Во второто полувреме тренерот на ривалот се обиде со некоја нестандардна петорка, Рајт на „петка“ и со четири „ниски“ да не развлечат со цел да дојдат до позиции за лесни поени. Ние успеавме таа ситуација добро да ја решиме. Но кога ќе примите 99 поени, тоа е далеку од добро. Сепак на крајот победивме одлична екипа и според мене еден од најголемите фаворити за „фајнл фор“. Продолжуваме со амбициите да стигнеме до некои 9-10 победи, изјави Александар Тодоров.

Предводникот на „сино-белите“ додаде дека еден од клучните елементи за триумфот на неговата екипа се 22-та скокови повеќе во однос на Игокеа.

МЗТ Скопје по 4.коло во АБА лигата има половичен ефект од две победи и два пораза.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска