Тодоров: Го имаме во моментов најоптималниот состав

Од:

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров смета дека за средбата со Естонија го има во моментов најоптималниот состав.

– Ова е најоптималниот состав, имајќи го предвид здравствениот билтен и желбата на некои играчи. Навистина сум пресреќен што добив само еден негативен одговор од сите со кои разговарав. Исклучително важно за нас е да се подготвиме добро за натпреварот со Естонија, изјави Тодоров.

Капитенот Војдан Стојановски посакува подготовките да минат без повреди и непредвидени ситуации.

– Денес почнуваме со тренинзи и мислам дека имаме доволно доста денови за да се припремиме за натпреварот со Естонија кој е доста важен за нас. Имаме еден пријателски натпревар во меѓувреме и се надевам дека сите ќе биде здрави и ќе покажеме се од себе“ – додаде капитенот на селекцијата истакна Стојановски.

КФСМ се потруди да им обезбеди соодветни услови за работа на репрезентативците.

– Најважниот настан се ближи до реализација, се подготвувавме како федерација да обезбедиме најдобри услови што во моментов можеме и се надеваме дека тимот ќе биде задоволен. Успехот на репрезентацијата е успех на цела Македонија и се надеваме дека ќе се вратиме на големите европски натпреварувања. Ние сме повеќе концентрирани на натпреварот со Естонија, со кого го отвораме овој циклус. Сметам дека сме подобри и имаме реални шанси да победиме. Го одложивме и Купот за да бидеме повеќе посветени на репрезентацијата, рече на денешната прес-конференција спортскиот директор Тодор Гечевски.

Натпреварот ќе се игра на 20 февруари во СЦ „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он